Запончек и официјално со прв професионален договор со Ексцелсиор!

275

Македонскиот младински репрезентативец Алекс Запончек, денеска и официјално го потпиша својот прв професионален договор со неговиот клуб Ексцелсиор.

По одличните настапи во изминатиот период, за У15 , У16 но и У17 тимот, менаџментот на клубот, сосема логично одлучи младиот дефанзивец да го „врзе“ со професионален договор, пракса која што се практикува за сите талентирани и перспективни фудбалери.

No description available.

Запончек секако дека е иднината на Ексцелсиор, но за нас уште поважно дека е иднина и за нашиот нациоинален тим. Тој е дел од У17 репрезентацијата на Македонија во моментов која што пролетва ќе има мечеви против селекцијата на Словачка.

Алекс Запончек инаку е момче кое што е родено во Холандија, но има Македонски пасош и со гордост го носи дресот на нашата држава.

ПретходноРФМ го прифати барањето на клубовите, ова се термините за одигрување на Купот!
СледноБолоња не го дава Мота, сопственикот му понудил нов двегодишен договор