Миовски за „СпортСпорт“: Секој гол има посебно значење за мене, горд сум што станав дел од историјата на Абердин!

246

Бојан Миовски одамна е миленик на фудбалските фанови во Шкотска, а посебно на Абердин. Со своите голови, игри за овој славен тим, полека, но сигурно се наметнува како еден од најдобрите напаѓачи во елитната лига во таа земја. А дека е меѓу најдобрите, ако не и најдобар, говори податок дека прво беше избран во идеалниот тим на елитната лига во Шкотска за оваа сезона, а потоа откако

бткако блескаше сезонава, Миовски е прогласен за најдобар играч на Абердин за тековната сезона, и од страна на неговите соиграчи и од самиот клуб.

Шкотланѓаните знаат да го ценат квалитетот, посебно го респектираат Македонецот кој набргу секако дека ќе направи голем трансфер.

Па така откако беше јавено дека Бојан е играч на сезоната на Абердин, “СпортСпорт“ веднаш стапи во контакт со нашиот репрезентативен напаѓач кој специјално за нашите читатели имаше што да каже.

-Бојан, фантастична сезона зад тебе, многу голови со кои твојата екипа победуваше. Како е чувството кога ќе погледнеш наназад и сумираш се тоа што ти се случи?

Секогаш сум велел дека кога нешто многу силно посакуваш, го правиш со љубов и од срце, тогаш успеваш. Таква е мојата љубов кон фудбалот и фудбалот е моја пасија. Секој гол има посебно значење за мене и кога ќе сумирам се заедно и ќе погледнам наназад каква сезона имав, тогаш целосно сум исполнет. Секако дека е убаво чувството“.Image

Абердин е клуб со голема историја и секако дека е голема работа да си дел од елитното друштво на најдобри играчи по сезона во овој клуб, да си во друштво на такви легенди?

Искрено тоа е големо признание за мене, кое ми значи премногу. Горд сум што ете станав дел од листата на најдобри играчи, тоа засекогаш останува во историјата на на Абердин“.

-Сезоната не е завршена, викендов имаше екстра важен меч?

Да, сезоната не е завршена и има простор за уште некој гол. Оваа сезона досега постигнав 24 погодоци, но се стремам, односно посакувам да дојдам до бројката од 30 голови. Тоа е мојата цел, а со тоа ќе му помогнам на својот клуб да победува“.

-На лето одмор или трансфер, што прво ти е во план?

Искрено сеуште немам размислувано каде и кога на одмор. После завршување на сезоната следува собир со репрезентацијата, па потоа ќе видиме, само здравје па се останато“ заврши Миовски.

ПретходноМилев: Струмица покажа дека посветено работи на иднината на машката одбојка
СледноНекогашен тренер на Шкендија го наследи Ќато на клупата на Влазнија!