Најдобрата македонска фудбалска судијка, Ива Пројковска, доби уште едно признание за својата одлична арбитража. Пројковска е делегирана како главен судија на реванш мечот од полуфиналето на Лигата на шампионките на УЕФА меѓу француските состави ПСЖ и Лион.
Мечот ќе се одигра в недела на „Паркот на Принцовите“ во Париз, а Пројковска како свои асистенти на мечот ќе ги има Вјолца Изеири (МКД) и Словенката Сташа Шпур.