Стоилковска во второ коло во Куршумлијска бања

66

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска со триумфот во првото коло над Маша Танасовиќ од Србија со 2-0 во сетови (76(5) 60) избори пласман во второто коло на фјучрс турнирот што се игра во Куршумлијска бања. Таа во следната рунда (2.коло) утре ќе игра против носителката број 6 Наталија Шениќ од Србија која со 2-0 во сетови ја победи Маделин Хагеман.

Во квалификациите на женскиот дел од турнирот настап во првото коло имаше и нашата млада тенисерка Ива Данева, која загуби од Софија Нагорниа од Израел со 2-0 во сетови.

Дождот изминативе денови им создаде големи проблеми на организаторите, па неколку дена воопшто и не се играше, а кога имаше услови мораа да се играат и мечеви од квалификациите.

Инаку, од понеделник треба да почне уште еден фјучрс на истото место, а Стоилковска има место во главниот турнир, додека Данева повторно е пријавена во квалификациите.

Претходно11.000 навивачи потпишаа петиција Тухел да остане во Баерн
СледноТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА