Арда Ѓулер вечерва во Сан Себастијан во меч од 33.коло во Ла Лига, покажа на дело дека сепак е екстра квалитет и не случајно е член на Реал Мадрид. Постигна убав гол во 29.минута со што им донесе победа на “кралевите“ и нови три бода на гостувањето кај Сосиедад.
Најважно од се што Дон Карло Анчелоти ги сочува сите свои главни сили за мечот со Баерн Минхен во вторник во полуфиналето во Лигата на Шампионите.
Сега Реал Мадрид има 84 бода на врвот на табелата или 14 бода повеќе пред втората Барселона.