Хорхе Мартин победи на спринтот на патеката во Херез за ГН на Шпанија во Мото ГП. Ова беше луда трка, на која најдобро се снајде возачот на Дукати и успеа прв да дојде до целта.
Како втор заврши Педро Акоста, додека трет беше Фабио Квартараро. Вистински трагичар беше Марк Маркес кој до четири круга до крајотѕ беше водечки, но сепак излета од патеката и не ја заврши трката, односно не го заврши спринтот во Херез.