МЗТ Скопје има негатива од пет поени по првата полуфинална пресметка со Спартак Суботица во рамките на плеј-офот во АБА2-лига. Македонскиот првак на првата средба беше совладан со 73-78 на домашен терен.
Негативата не е голема, а тренерот Васко Атанасов најави дека во Суботица нема да одат со бело знаме.
„Тврд натпревар во кој противникот се снајде подобро. Мислам дека можевме и подобро да минеме, особено поради добрата игра во второто полувреме. Негативата не е голема и во Суботица сигурно нема да одиме со бело знаме. Ќе се подготвуваме максимално и се надевам дека со нешто подобар офанзивен дел ќе може да го надополнитем пропуштеното од Скопје“, изјави предводникот на актуелниот македонски првак.
Пред реваншот, МЗТ Сопје го чека домашна задача, во вторник игра против ТФТ во плеј-оф полуфиналето, а потоa на 4. мај следи мечот со Спартак.