Неверојатен, чудесен, фантастичен е овој Леверкузен, новиот шампион на Германија. Вечерва на „Бај Арената“ одигра 2:2 против Штутгард. Интересно, губеше со 0:2, па со 1:2 до таа 90+7.минута и кога сите помислија, еве конечно падна и тој Леверкузен, Андрих израмни и не дозволи да се случи првиот пораз на тимот на Чаби Алонсо во 31 меч во Бундеслигата или вкупно 46 во сите натпревари оваа сезона.
🇩🇪 Goal: Robert Andrich | Bayer Leverkusen 2-2 VfB Stuttgart pic.twitter.com/OL5skvG3kP
— FootColic ⚽️ (@FootColic) April 27, 2024
Фухрих и Ундав донесоа 0:2 за “Швабите“ а Адли успеа да намали на 1:2, рековме веќе, Андрих стрелаше за еуфорија и лудница на “Бај Арената“.