Димитријевиќ и Уникс со “метла“ до полуфиналето во ВТБ!

99

Уште една одлична партија на нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ во дресот на Уникс. Нено денеска во третиот меч од четвртфиналната серија во ВТБ лигата против Самара успеа да постигне 15 поени, забележа и седум асистенции.

Сосема доволно за победа на неговиот Уникс со 67:90 и пласман на Нено и неговиот тим во полуфиналето и тоа со максимални три победи од три меча за Уникс.

Македонскиот репрезентативец покажа и докажа дека има квалитет да го однесе својот тим до нова титула во ВТБ лигата.

ПретходноАрсенал имаше 0:3 па на крај стравуваше, сепак победа си е победа!
СледноПМФЛ: Силекс го шокира шампионот, Брера го победи Вардар, Шкупи во 90+7 минута до триумф, убедливи Шкендија и Воска, реми на Арената