Одамна не сме проследиле вакво коло како денешното 29. Многу голови, сензационални резултати, шокирачки пресврти, трилер и драми.
Ако досега беше збрка во битката за титулата, а и за опстанокот, сега е вистнско лудило.
Струга ТЛ продолжи со киксовите, имено на средбите со Вардар, Брегалница и Силекс освои само еден бод. Неверојатно.
Тоа го користат Шкупи и Шкендија кои денеска славеа и освоија по три бода со што битката за титулата, но и за тоа второ место, просто ја вжештија.
Тиквеш до 86.минута имаше 1:2 на Чаир и тогаш Аворнио со два гола, вториот во 90+7.минута донесе 3:2 и три златни бода за Шкупи и триумф на дебито на новиот стратег Ернест Ѓока. Па сега Струга ТЛ и Шкупи имаат по 58 бодови, а Шкендија има 55.
Лудница.
Исто така лудило е и во битката за опстанок. Вардар уште еднаш е поразен, Воска победи па така сега најтрофејниот има само +3 пред претпоследната Македонија ЃП и пред последната Брегалница.
Погледнете ја табелата по ова 29.коло…
ТАБЕЛА
Струга ТЛ 58, Шкупи 58, Шкендија 55, Силекс 41, Тиквеш 39, Брера 37, Гостивар 37, Работнички 35, Воска 34, Вардар 29, Македонија ЃП 26, Брегалница 26…бода