Пеко Бањаја победник на Херез! (ВИДЕО)

56

Франческо Пеко Бањаја на Дукати е победникот на трката за ГН на Шпанија на патеката на Херез. Тој водеше епска битка со Марк Маркес, одолеа на сите напади на возачот на Гресини и на крајот заслужено победи. Подиумот го комплетираше Марко Бецеки кој заврши на третото место.

Интересно беше тоа што на пет кругови до крајот дојде до контакт меѓу Пеко и Маркес, но сепак се добро се заврши, за да потоа во самиот финиш Бањаја беше сигурен и прв ја мина целта.

Треба да се каже дека вистинска штета е што направи Хорхе Мартин, кој беше одличен, едно време беше и лидер во трката, но повторно, како многупати досега, направи грешка и ја заврши трката предвреме со то давајќи му шанса на Пеко да слави победа.

ПретходноИнтер му покажа на Торино кој е шампион во меч кој влезе во историјата на Серија А! (ВИДЕО)
СледноВојна во Ливерпул: Еве што му направи Салах на Клоп по мечот со Вест Хем! (ВИДЕО)