Попладнево се одиграа сите шест средби од 29.коло во ПМФЛ.
Сензација, какво изненадување во Струга. Шампионот водеше со 2:0 против Силекс и се беше како што треба со головите на Ибраими и Радески. Сепак кратовци со двата гола на Игњатов и на Каланоски му нанесоа болен пораз на тимот на Струга ТЛ. Можеби овој пораз тимот на Шпетим Дуро ќе го чини и губење на титулата.
Брера со 2:0 успеа да го победи Вардар. Добра игра на двете екипи, но гостите не знаеја како да ги реализираат своите шанси, промашуваа и зицери. Цветаноски и Ивковиќ ја тресе мрежата за голема победа.
Шкендија со 4:1 му покажа на Гостивар кој е кој, и со поразот на Струга ТЛ сега тетовци и тоа како се вратија во игра за титулата. Шаља во два наврати, Адеми и Чинари стрелаа за Шкендија а Кехинде беше стрелец за Гостивар.
Шкупи и Тиквеш одиграа фантастичен меч на Чаир. Домашните поведоа преку Воша за да Спахиу со два прекрасни гола донесе водство од 1:2 за кавадарчани. Се играше 86.минута кога Аворно израмни а во 90+7 минута постигна гол за голема победа. Сега Шкупи е на делба на првото место заедно со Струга ТЛ.
Работнички и Македонија ЃП во скопската пресметка одиграа 1:1. Ларсон донесе водство за “лавовите“ а Билали израмни.
Во Охрид играчите на Воска просто ја растурија Брегалница со 4:0. Јашароски постигна два гола, Георгиев и Марушиќ со по еден гол ги поставија конечните 4:0. По ова се чини дека Брегалница може да се пакува во Втората лига.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 29.КОЛО
БРЕРА – ВАРДАР 2:0
(Цветаноски 24., Ивковиќ 90+6/)
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:1
(Билали 66./Ларсон 45+3)
ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР 4:1
(Шаља 1., 9., Адеми 54., Чинари 88./Кехинде 81.)
ШКУПИ – ТИКВЕШ 3:2
(Воша 39. Аворно 86./, Спахиу 53., 82.)
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 2:3
(Ибраими 23, Радески 34./Игњатов 36., 48., Каланоски 52.)
ВОСКА – БРЕГАЛНИЦА 4:0
(Јашароски 11., 21., Георгиев 44., Марушиќ 89./)