Напаѓачот на Ливерул, Мохамед Салах одби да зборува пред новинарите за инцидентот во 79 минута од мечот со Вест Хем. Пред тројната замена во 79 минута, тренерот Јирген Клоп му кажа нешто на Египѓанецот кој реагираше бурно. Разговорот резултираше со гримаса од страна на Египќанецот и гестикулации кон тренерот.
По мечот поминувајќи покрај новинарите не сакаше да го коментира инцидентот, само кажа:
„Ако прозборувам сега ќе предизвикам пожар“, алудирајќи на тоа дека сега е нервозен и може да каже се и сешто поради што може да се доведе себе си и клубот во проблеми.
🔥 Mo Salah: “There is going to be fire today if I speak.” 🔥@j_castelobranco pic.twitter.com/MY669B7vqb
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) April 27, 2024
Во исто време Клоп исто така зборуваше за инцидентот:
„Не можам да откријам што си кажавме. За тоа зборувавме во соблекувалната. Тоа е веќе минато за мене“, изјави Клоп за „ТНТ спортс“.
Un poco de respeto a Klopp
Sin Klopp, Salah no existe
pic.twitter.com/31jsyMsbti— HugoDerBayern (@hugoderbayern) April 27, 2024