Уникаха ја освои Лигата на шампиони

74

Тимот на Малага го совлада Тенерифе со 80:75 (16:10, 22:17, 24:29, 18:19) во финалниот натпревар на завршниот турнир во Лигата на шампиони на ФИБА што се одржува во белградската Арена. Судирот на шпанските екипи во борбата за титулата целосно и припадна на Уникаха, која практично го контролираше резултатот од почеток до крај.

Кендрик Пери беше најефикасен со 17 поени. Американецот на крајот беше прогласен за МВП на завршниот турнир. Кај поразениот тим Кајл Гај постигна 18 со шест скока.

Ова е трет европски трофеј за Уникаха, по Купот на Радивој Кораќ во 2001 година и Еврокупот во 2017 година.

 

ПретходноПЛЕЈ-АУТ ЛИГА: Кожув го потврди првото место во битката за опстанок
СледноБез победник на градското дерби: Бетис и Севиља ремизираа!