Дел од јавноста, па и некои клубови веќе побрзаа да и честитаат на Беса за официјално пласманот во Првата лига. Очигледно е дека нешто тука не е во ред. Имено се честита кога некои работи ќе бидат официјални. Инаку јасно е дека Беса следната сезона ќе игра во ПМФЛ, но теоретски можно е и да не игра. И тоа ако загуби на следните четири меча а Детонит ги добие сите четири.
Накусо, за официјално Беса да се промовира како прволигаш и треба барем уште еден бод, или пак во следното коло Детонит да загуби или да ремизира.
Остануваат уште 4 кола а Беса има 12 бодови предност, но има и послаб меѓусебен скор со Детинит.
Значи се честита кога и официјално Беса ќе биде прволигаш, засега не е.