Франческо Пеко Бањаја на Дукати е победникот на трката за ГН на Шпанија на патеката на Херез. Тој водеше епска битка со Марк Маркес, одолеа на сите напади на возачот на Гресини и на крајот заслужено победи. Подиумот го комплетираше Марко Бецеки кој заврши на третото место.
Интересно беше тоа што на пет кругови до крајот дојде до контакт меѓу Пеко и Маркес, но сепак се добро се заврши, за да потоа во самиот финиш Бањаја беше сигурен и прв ја мина целта.
Треба да се каже дека вистинска штета е што направи Хорхе Мартин, кој беше одличен, едно време беше и лидер во трката, но повторно, како многупати досега, направи грешка и ја заврши трката предвреме со то давајќи му шанса на Пеко да слави победа.
THIRD CONSECUTIVE WIN IN JEREZ for @PeccoBagnaia 🏆🏆🏆
Peerless Pecco has bounced back indeed 💪#SpanishGP 🇪🇸 pic.twitter.com/MSjAW3efKb
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) April 28, 2024