Трансфер “бомба“ во најава: Ван Дајк во јуни се сели во Дортмунд?!

556

Утринава медиумите на Островот шпекулираат дека капитенот на Ливерпул и еден од најдобрите стопер во светот, Вирџил ван Дајк, би можел да си замине од “Енфилд“.

Уште поголема сензација е тоа што за неговите услуги најголем интерес пројавил Дортмунд, кој бил подготвен да ја плати и отштетата, само да го има Холанѓанецот во своите редови.

Звучи неверојатно, посебно ако се знае дека за Ван Дајк заинтересирани биле уште некои други клубови, но “милионерите“ биле фаворити за овој можен трансфер.

Дали е ова шпекулација или не, останува да почекаме до јуни.

Инаку Ван Дајк пред неколку дена со убави зборови се осврна на работата на Арне Слот, неговиот сонародник и тренер кој од јуни ќе го превземе Ливерпул.

ПретходноМилано “гори“, фановите во транс: Вака Интер слави титула! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноГОООЛ: Барди на фантастичен начин го “тресе“ Газијантеп! (ВИДЕО)