Шпанскиот тенисер Рафаел Надал врза и трета победа на Мастерсот во Мадрид и обезбеди пласман во осминафиналето. Денеска локалниот фаворит го совлада Педро Чацин од Аргентина со 2:1, по сетови 6:1, 6:7 (5), 6:3.
Мечот траеше три часа и шест минути, а Надал не изгледаше премногу уморно ниту во третиот сет, што секако е добра вест за сите љубители на тенисот. Во првиот дел од дуелот Рафа доминираше, направи брејк уште на стартот, а потоа уште еден за 4:1. Кацин беше на сервис при 5:1, но повторно не успеа да спаси, па Надал ја искористи третата сет-топка.
Во вториот дел Аргентинецот го подигна нивото на игра, па брзо стигна до два брејка и водство – 4:1. Надал веднаш врати еден, а подоцна израмни на 5:5 откако Аргентинецот промаши две сет-топки. Сетот беше решен во тај-брејк.
Во решавачкиот сет Надал веднаш направи брејк, дојде до предност и набрзо стигна до 5:3, што значеше и пат кон победа. Со триумфот денеска, Шпанецот врза три победи за првпат по 602 дена!