*До сега Брест нема настап во ЛШ, но ете има огромна шанса од идната сезона да заигра таму.
Во француската Лига 1, вистинско освежување е тимот на Брест. Популарните „пирати“ од градот Брест идната сезона ќе играат во европските купови, само прашање е каде. Засега супер газат за Лигата на шампионите затоа што се на третото место на табелата. Сепак, до крајот има уште три кола, а разликата со екипите што се под нив не е голема.
Ако го погледнеме месец април, за Брест можеме да кажеме дека е „најзабавниот“ тим за гледање. Во овој месец Брест одигра четири натпревари, а на истите „фрчеа“ голови, пресврти, возбудувања… Севкупно, две победи и два порази за овој тим.
🔴 𝗕𝗥𝗘𝗦𝗧 𝗗𝗔𝗡𝗦 𝗟’𝗛𝗜𝗦𝗧𝗢𝗜𝗥𝗘,
⚪ 𝗕𝗥𝗘𝗦𝗧 𝗘𝗡 𝗘𝗨𝗥𝗢𝗣𝗘 ! pic.twitter.com/zSwLVg0Rxo— Stade Brestois 29 (@SB29) April 28, 2024
На 7 април, Брест играше дома со Мец. Го совлада со 4:3. Следуваше гостување кај Лион, а таму Брест водеше со 1:3, за од 70 до 90 минута домашните да направат пресврт и да победат со 4:3. Во финишот и два црвени картони, по еден за двете екипи.
На 21 април, Брест беше домаќин на Монако. Тој меч заврши со два гола, а победата ја донесе тимот од Монте Карло со 0:2. Тоа беше вториот домашен пораз на Брест.
Во неделата Брест гостуваше на Рен. Тензичен меч со пресврти. Рен водеше со 2:0 по 10 минути, потоа Брест сврте на 2:4. Од 68 до 79 минута фудбалерите на Рен постигнаа два гола и изедначија на 4:4. Но тоа не беше се, во 90 минута Брасие погоди за конечни 4:5 за Брест (ГОЛОВИТЕ НА ОВОЈ ЛИНК)
Интересно, до април Брест имаше примено само 20 голови, заедно со ПСЖ најмалку во Лига 1. А само во април дури 13. Но затоа е и доста ефикасен… Отворен фудбал без калкулации…
На последниот меч меѓу Рен и Брест паднаа девет гола (4:5), а најмногу голови на еден меч од Лига 1 имало само во 2009 година кога Лион и Марсеј одиграа 5:5.
Во мај, Брест ќе ги игра последните три натпревари, на домашен терен со Нант и со Ремс, а затвора со гостување во Тулуз.