Го покори Западот и го доби признанието за најдобар тренер во НБА!

205

Тренерот на Оклахома, Марк Дењо е прогласен за најдобар тренер во НБА лигата.

Во својата четврта сезона на клупата на Оклахома, Дењо го предводеше тимот до првото место во лигашкиот дел од сезоната во Западната конференција со 57 победи и 25 порази.

Тој има добар почеток и во плеј-офот, каде Тандер водат со 3-0 во серијата на Западот во првото коло против Њу Орлеанс.

Тој освои 89 од можните 100 гласови и со вкупно 473 поени стана вториот тренер на Оклахома, по Скот Брукс, кој го освоил ова признание.

ПретходноЛазаров одбра 20 имиња за баражот со Фарски Острови
СледноНеочекуван проблем за Денвер Нагетс