Дончиќ самокритичен: Го изневерив Кајри!

740

Маверикс успеаја да се вратат од негатива од 31 поен, но изостана победата против Лос Анџелес Клиперс.

Кајри Ирвинг беше најзаслужен за големиот пресврт на Далас, се истакна со 41 поен. На четири меча во серија забележа 28,8 поени и се чини дека Лука Дончиќ е тој што треба да го подигне нивото на своите игри.

Самиот Лука го коментираше ова на прес-конференцијата.

“Морам повеќе да му помогнам. Чувствувам дека сум го изневерил, морам да бидам таму, да помогнам повеќе. Даде се што може, неверојатен е во текот на целата серија”, вели Словенецот.

Дончиќ се мачи со повреда на коленото, но заврши со 29 поени, 10/24 шут од поле, и 10 скока и асистенции.

„Очигледно имам болки, но тоа не е оправдување, човеку. Излеговме лигаво на теренот, мора да бидеме многу подобри од тоа“.

Следниот натпревар се игра во Лос Анџелес, двете екипи имаат по две победи.

ПретходноНеочекуван проблем за Денвер Нагетс
СледноНовак Ѓоковиќ и натаму владее во светот на тенисот!