Надал врза три победи по ред и обезбеди осминафинале во Мадрид!

107

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал врза и трета победа на Мастерсот во Мадрид и обезбеди пласман во осминафиналето. Денеска локалниот фаворит го совлада Педро Чацин од Аргентина со 2:1, по сетови 6:1, 6:7 (5), 6:3.

Мечот траеше три часа и шест минути, а Надал не изгледаше премногу уморно ниту во третиот сет, што секако е добра вест за сите љубители на тенисот. Во првиот дел од дуелот Рафа доминираше, направи брејк уште на стартот, а потоа уште еден за 4:1. Кацин беше на сервис при 5:1, но повторно не успеа да спаси, па Надал ја искористи третата сет-топка.

Во вториот дел Аргентинецот го подигна нивото на игра, па брзо стигна до два брејка и водство – 4:1. Надал веднаш врати еден, а подоцна израмни на 5:5 откако Аргентинецот промаши две сет-топки. Сетот беше решен во тај-брејк.

Во решавачкиот сет Надал веднаш направи брејк, дојде до предност и набрзо стигна до 5:3, што значеше и пат кон победа. Со триумфот денеска, Шпанецот врза три победи за првпат по 602 дена!

ПретходноЧетири екипи од Ла Лига испратија понуди за Варан
СледноСалах не сака да си оди од Ливерпул, ќе остане до крајот на договорот