Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го скрати списокот за бараж дуелот против Фарски Острови за пласман на Светското првенство 2025 година. Предводникот на нашиот национален тим одбра 20 имиња, додека ги објави и имињата на резервните играчи.
Првата средба меѓу Македонија и Фарски Острови е закажана за 8. мај на гостински терен, реваншот е четири дена подоцна во Скопје.
Собирот на репрезентацијата е закажан за 3 мај.