Денвер одлучи да не ризикува со браќата на Јокиќ по инцидентот, ги смести во посебен дел (ФОТО)

4164

По инцидентот што се случи на трибините при претходното гостување на Лос Анџелес Лејкерс, во кое учествуваа браќата на Никола Јокиќ, Страхиња и Немања, Денвер Нагетс решија да реагираат.

Откако еден од навивачите на трибините доби шлаканица, полицијата ги собра сите материјали, но браќата на Јокиќ нема да се соочат со никакво кривична тужба. И НБА започна истрага за сите настани.

За да не дојде до нов иницдент, актуелниот првак одлучи Страхиња и Немања да бидат целосно изолирани од останатиот дел од публиката. Тие беа сместени во една од лоѓите, а околу нив имаше видливо бројни празни седишта.

ПретходноЛевандовски демантира: Не си одам од Барса, тука сум уште две години
СледноАнчелоти: Малкумина очекуваа да бидам на оваа прес-конференција!