Гоце Седлоски, еден од нашите најдобри тренери, инаку легенда на Динамо Загреб, деновиве престојува во Загреб и најнормално е да го посети својот Динамо. А таму Седло секогаш е пречекуван како некој свој, Динамо не го заборава својот некогашен капитен и играч со кого освојуваше трофеи во времето кога Македонецот беше активен фудбалер.
Па така прво добредојде на Седло му посака новиот претседател на клубот, славниот Велимир Заец, а потоа Адеми и Седлоски имаа кафе муабет.
Седло на Заец и Адеми, но и на сите во Динамо има посакува освојување на уште една титула во шампионатот на Хрватска.
Нема што, Динамо секогаш е дом за Седлоски.