Евролига парично ги казни Атаман и Панатинаикос

83

Дисциплинската комисија на Евролигата одлучи да го казни тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, како и клубот поради коментарот за судењето на првиот плејоф натпревар против Макаби од Тел Авив.

Тој дуел во „ОАКА“ арената му припадна на Макаби, а на прес-конференцијата Атаман имаше бројни коментари за судењето, со оглед на тоа дека судиите беа наклонети кон израелскиот тим, и дека ги сожалуваа поради политичката ситуација во таа земја. Ден подоцна, самиот клуб застана на страна на својот тренер, со соопштение исто така поради истата причина.

Врз основа на тие изјави турскиот стратег е казнет со 35.000 евра, додека Панатинаикос со 30.000 евра.

Доста висока казна за кошаркарски услови, а слична полемика имаше и по казната за Милош Теодосиќ, кој мораше да плати 15.000 евра за напад на судијата против Ефес. За потсетување, Вејд Болдвин ја фрли топката кон судијата и почна да му влегува во лице на почетокот на сезоната, на мечот со Басконија. За такво нешто бил исклучен и платил „само“ 1500 евра.

ПретходноАнчелоти: Малкумина очекуваа да бидам на оваа прес-конференција!
СледноЧави забележа дека на играчите им недостига концентрација