Поранешниот светски шампион Мајк Тајсон се враќа во професионалниот ринг по пауза од 19 години. За противник на другата страна ќе го има јутјуберот Џејк Пол, мечот ќе се одржи на 20 јули на стадионот на Далас Каубојс, во Тексас.
Со оваа борба Тајсон ќе се врати во рингот на 58 години, тој мораше да добие специјална медицинска потврда за тоа.
Што се однесува до другите детали од борбата е тоа што се дозволени нокаути. Боксерите ќе користат ракавици од 14 унци, кои се користат во категориите од 68 до 79 килограми.
Борбата ќе има најмногу осум рунди во времетраење од по две минути.