Ѓорческа тргна победнички на ВТА турнирот во Леида

213

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со триумф го почна настапот на ВТА 125 турнирот во Леида, Шпанија. Таа во првото коло ја совлада домашната тенисерка Карлота Мартинез Сирез (254. место ВТА) со 2-1 во сетови (36 75 61) за два часа и 9 минути игра.

Во второто коло Ѓорческа ќе игра со победничката од мечот меѓу втората носителка Катарина Синиакова од Чешка (40. место на ВТА листа) и Алисија Паркс од САД. Инаку, прва носителка на турнирот е Ема Наваро од Шпанија која е рангирана на 23. место на ВТА листата.

ПретходноПочна ли распадот на Ред Бул? Верстапен се сели во Мерцедес за 150 милиони евра годишно?!
СледноИ тоа го има: Брајтон го купи докторот на Ајнтрахт, плати отштета од 250.000 евра!