Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со триумф го почна настапот на ВТА 125 турнирот во Леида, Шпанија. Таа во првото коло ја совлада домашната тенисерка Карлота Мартинез Сирез (254. место ВТА) со 2-1 во сетови (36 75 61) за два часа и 9 минути игра.
Во второто коло Ѓорческа ќе игра со победничката од мечот меѓу втората носителка Катарина Синиакова од Чешка (40. место на ВТА листа) и Алисија Паркс од САД. Инаку, прва носителка на турнирот е Ема Наваро од Шпанија која е рангирана на 23. место на ВТА листата.