Лудило на врвот: Шкендија 58, Струга ТЛ 58, Шкупи 58…“лавовите“ и Брегалница на чекор до ВМФЛ, еве како изгледа табелата…

5860

Можеби нашата ПМФЛ не е толку квалитетна лига, но затоа е вистинска лудница во битката за титулата. Попладнево Шкендија од 0:2 дојде до 3:2 против Брера и со тоа дојде до лидерската позиција со 58 бода.

Струга ТЛ во Кавадарци имаше 1:2, но на крајот загуби со 3:2, а Шкупи беше поразен од Гостивар на гости.

Сега сите три екипи имаат ист број бодови во пресрет на последните три кола. Да, Шкендија провизорно е лидер, но на крајот одлучуваат меѓусебните дуели.

Во битката за опстанок работите се појасни. Се чини дека им нема спас на Брегалница и Македонија ЃП, додека Воска бега од баражот, а Вардар е најблиску до него.

ТАБЕЛА

Шкендија 58, Струга ТЛ 58, Шкупи 58, Тиквеш 42, Силекс 41, Гостивар 40, Работнички 38, Брера 37, Воска 37, Вардар 32, Македонија ЃП 26, Брегалница 26…

ПретходноПМФЛ: Вардар ја згази Брегалница, неверојатни пресврти во Тетово и Кавадарци, пораз и на Шкупи, сега Шкендија е лидер…
СледноЕ. Пелистер 2 со победа над Скопје се врати на врвот во плеј-аутот