ФФМ планира да има ВАР на финалето во Купот!

991

ФФМ односно Судиската организација има намера, односно планира да има ВАР на финалето во Купот на Македонија. Меч кој ќе се игра на 22 мај а во кој за пехарот ќе се борат Тиквеш и Воска.

Ова ќе биде за првпат во Македонија, се разбира на домашна сцена, да има ВАР систем кој би требало да биде нешто вообичаено за наредната 2024/2025 сезона во ПМФЛ. Како што велат нашите извори голема е веројатноста на 22 мај на Арената “Тодор Проески“ да има инсталирано ВАР систем.

Секако дека со ВАР системот ќе помогне пред на судиите во финалето во Купот.

ПретходноАтлетико Мадрид казнет поради расистички навреди!
СледноМлади македонски пингпонгари дел од кампот на Јоже Урх! (ФОТО)