На мечот меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао од трибините на “Ванда Метрополитано“ од дел од фановите, беа упатени расистички навреди кон гостинскиот фудбалер Нико Вилијамс. Поради ова, клубот е казнет со 20.000 евра, а за наредните два меча како домаќини “јорганџиите“ не ќе можат да ја добијат поддршката од полните трибини со оглед на тоа дека дел од стадионот ќе биде затворен и тоа делумно. Ова како санкција за се она што се случуваше на дуелот со Билбао.
За жал во Шпанија се почести се ваквите расистички испади од страна на фудбалските фанови.