Дали Бруно Фернандеш навести дека си заминува од Јунајтед?!

548

Бруно Фернандеш веќе неколку сезони е капитен и најдобар играч на Манчестер Јунајтед. Без него едноставно не може да се замисли тимот од “Олд Трафорд“. Токму затоа беше сензационална изјавата на Сер Џим Ратклиф дека само тројца играчи на Јунајтед не се на продажба, дека само тројца се недопирливи.

А меѓу нив го нема името на Португалецот.

Инаку пред неколку дена Бруно во едно интервју како да го навести своите заминување од Манчестер:

Мојата иднина? Очигледно е дека не зависи само од мене.Играчот и да сака да остане сепак клубот решава за тоа дали тој ќе истане или не. Сега засега не размислувам многу, мислите ми се кон финалето на ФА Купот и ЕУРО 2024“ посочи Португалецот.

ПретходноПолувреме: Вардар води во Штип, Мојсов со ефектен гол ја “смрзна“ Струга ТЛ, губи и Шкендија, 0:0 е во Гостивар, Кратово и Ѓорче…
СледноИсторија: Бесарт Ибраими со 200-тиот гол во кариерата во ПМФЛ!