Еклстоун: По смртта на Сена мислевме дека тоа ќе биде крајот на Формула 1

195

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун призна дека смртта на Ајртон Сена пред 30 години во Имола за малку ќе донела и крах на Формула 1 шампионатот. Британецот го пренесува разговорот со тогашниот претседател на ФИА, Макс Мозли.
Макс Мозли, претседателот на ФИА, ми рече дека тоа ќе биде крај на Формула 1. Се надевавме дека тоа нема да се случи“, изјави Еклстон кој беше претседател на Ф1 со 2017 година.

Дали требаше да ја прекинеме трката? Не. Тоа немаше да му помогне на Сена. Кога ќе се случат овие работи, се случуваат брзо и немате време да размислувате. Законски трката не требаше да продолжи бидејќи се случи смрт на патеката, меѓутоа тоа ќе донесеше комерцијален проблем, луѓето ќе  бараа обесштетување, спонзорите исто така…

Да бидам искрен, Формула 1 стана попопуларна по смртта на Сена. Се зборуваше насекаде во светот, за неа зборуваа и луѓе кои никогаш не следеле Ф1. Се надевам дека никогаш повеќе нема да видиме слична сцена. Мислам дека во денешно време, со засилените мерки за претпазливост и сигурност шансите за таква несреќа се многу мали“, додаде Еклстоун.

ПретходноИ Романо потврди: Баерн е многу блиску до договор со Рангник!
СледноАтлетико Мадрид казнет поради расистички навреди!