Ракометарите на Е. Пелистер 2 обезбедија очекувана победа на гостински терен кај екипата на Скопје со 30:34 во првиот од денешните дуели во новото коло од плеј-аут зоната.
Со оваа победа, битолчани стигнаа до 30 бодови и се вратија на првата позиција на табелата, додека Скопје веќе може да се подготвува за проволигашки ракомет следната сезона.
Хаџиќ и Мијушковиќ постигнаа по 10 гола за екипата на Е. Пелистер 2, додека кај Скопје Јакимовски имаше исто така 10 гола.