Ибраими: Идеално ќе биде Струга ТЛ да победи со мојот 200-ти гол во ПМФЛ!

178

Факт е дека шампионот, тимот на Струга ТЛ сам си ја искомпликува ситуацијата во битката за титулата. Место сега шампањското да се ладеше и се да беше готово со тие +5 па и +8 бода пред Шкупи и Шкендија, сега стружани мора на последните четири средби да победат на сите ако сакаат титула и да не зависат од други. И факт е дека шампионот не игра во својата препознатлива форма.

А денеска Струга ТЛ му гостува на одличниот Тиквеш. Бодовите се неопходни за Бесарт Ибраими и другарите, кој денеска го посакува и својот јубилеен, 200-ти гол во кариерата во ПМФЛ:

Искрено велам дека тоа е во втор план, најважно е да победиме, а кој сака или кој може, нека даде гол. До крајот имаме уште четири меча и мораме да победиме на сите. Самите се доведовме до оваа ситуација. А за мојот евентуален 200-ти гол? Па идеално ќе биде Струга ТЛ да победи со мојот јубилеен гол во ПМФЛ. Сепак, како што реков сега Бесарт не е важен, важна е Струга ТЛ. Му гостуваме на силен тим, финалист во купот, ќе биде тешко, но јас очекувам сите да го дадеме максимумот и да дојдеме до трите бода“ изјави за „СпортСпорт“ Бесарт Ибраими.

ПретходноПМФЛ: „Жешко“ ќе биде во Штип и Ѓорче, Шкупи на гости кај Гостивар, Шкендија ја дочекува Брера
СледноМарсеј пак ќе менува тренер – деветти пат во последните три години