Она што се најавуваше, попладнево и се оствари. Бесарт Ибраими, напаѓачот на Струга ТЛ во 63.минута израмни на 1:1 со својот 200 гол во ПМФЛ. Навистина Бесарт се впишува во историјата на мак-фудбалот како прв фудбалер кој ете постигнува 200 голови во нашата елитна лига.
Бесарт овие 200 голови во ПМФЛ ги постигна како играч на Влазерими, Напредок, Ренова, Шкендија и Струга ТЛ.