Магдебург на пенали подобар од Келце за место на Ф4 во Келн

135

Вистинска драма на вториот реванш меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите во ракомет. Магдебург на домашен терен успеа да слави во регуларните 60 минути над Келце со 23:22 и да се избори за пенали, по кои вечерва беше решен вториот патник на Ф4 турнирот во Келн.

Актуелниот шампион Магдебург и ланскиот финалист понудија вистинска драма за навивачите, откако практично го повторија оној прв меч од Полска во кој Келце славеше со еден гол (27:26).

Интересно е што Полјаците имаа одлично прво полувреме и вечерва, па на пауза заминаа со предност од 13:11, но Магдебург имаше извонредно враќање во вториот дел и успеа да дојде до тој гол за победа, доволен за пат во пенал-рулетот.

По првите пет серии двата тима промашија по двапати (3:3), а во шестата серија Наи промаши за Келце, додека со голот на Магнусен, Магдебург оди на Ф4 да ја брани титулата од лани.

ПретходноДе Роси: Мораме да одиграме перфектно ако сакаме победа над Баер (Л)
СледноЛШ: Борусија (Д) со минимална предност патува на реваншот во Париз (ВИДЕО)