Клупското раководство на Марсеј донело одлука да се раздели со тренерот Жан-Луј Гасе по завршувањето на сезоната во Лига 1, соопштува француското издание „Екип“. Изворот тврди дека Гасе со сигурност ќе го напушти клубот, затоа што шефовите не се задоволни од резултатите на екипата и одлучиле да побараат друг тренер за наредната сезона.
Тоа значи дека Марсеј ќе го добие деветтиот тренер во изминатите три години. Во февруари 2021 година беше разрешен Андре Вијас-Боаш, потоа безуспешно работеа Насер Лрже, Хорхе Сампаоли, Игор Тудор, Марселињо, Жак Абардонадо, Џенаро Гатузо, а од февруари оваа година на кормилото дојде Гасе.
Марсеј е седмопласиран на табелата по 31 коло, но, сепак, е во полуфиналето на Лига Европа каде во четврток ќе го игра првиот меч против Аталанта. Марсеј нема титула во Лига 1 од 2010 година.