Неверојатно 30.коло во нашата ПМФЛ. Вардар во дербито на дното убедливо со 0:3 славеше во Штип и со тоа ја турна Брегалница кон ВМФЛ. Шушњара, Тошев со својот првенец и Николоски беа стрелците за Вардар. Голема, голема, супер значајна победа на Вардар.
Трилер во Тетово. Брера водеше со 0:2 се до 77.минута, за да потоа Адеми, Цаке и Аганспахиќ стрелаа за превсрт и за 3:2. Со оваа победа сега Шкендија е лидер со оглед на тоа дека и Струга ТЛ и Шкупи загубија во Кавадарци и Гостивар.
А шампионот имаше 1:2 до самиот финиш, кога прво Стојкоски во 82.минута за да потоа и Силва во 90+4 на Тиквеш му донесоа победа. Неверојатно како Струга ТЛ не успеа да освои барем бод.
Шкупи поразен од Гостивар и тоа со головите на Кировски и Кехинде. Воска на гости ја победи Македонија ЃП со 0:2, по ова и “лавовите“ веќе се второлигаши.
И во Кратово, Работнички со гол од пенал на Регба успеа да победи со 0:1.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 30.КОЛО
БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР 0:3
(/Шушњара 9., Тошев 85., Николоски 90+2.)
ГОСТИВАР – ШКУПИ 2:0
(Кировски 62., Кехинде 90+7./)
МАКЕДОНИЈА ЃП – ВОСКА 0:2
(/Илиески 62.,Марушиќ 69.)
ШКЕНДИЈА – БРЕРА 3:2
(Адеми 77., Цаке 87., Аганспахиќ 90+4. /Ивковиќ 15., Цветаноски 68.)
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 0:1
(/Регба 82.)
ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ 3:2
(Мојсов 32., Стојкоски 82., Силва 90+4./Ибраими 63., 77.)