Завршија првите полувремиња од шесте натпревари попладнево во рамките на 30.коло во ПМФЛ.
Во Штип каде се среќаваат Брегалница и Вардар, резултатот е 0:1 и тоа со голот на Шушњара во 9.минута. Гостите преку Омерагиќ имаа шанса за уште поубедливо водство. Екстра значаен меч за двете екипи.
Со ефектниот гол на Мојсов домашниот Тиквеш води со 1:0 против Струга ТЛ. Гостите во финишот бараа пенал по фаулот на домашниот голман Ренер врз Ибраими, но судијата Пилешков не покажа на белата точка.
И Шкендија губи и тоа дома, од Брера која со голот на Ивковиќ под Шара има 0:1. Нема што, ова е сензационален резултат.
Без голови се игра на средбите Гостивар – Шкупи, Силекс – Работнички и Македонија ЃП – Воска.