По два часа голема борба и пресврти во три сета, рускиот тенисер Андреј Рубљев го елиминираше вториот носител, Шпанецот Карлос Алкараз и обезбеди пласман во полуфиналето.
Русинот на крајот победи со резултат 4:6, 6:3, 6:2.
Во полуфиналето Русинот ќе игра против подобриот од мечот во кој се среќаваат Тејлор Фриц и Франциско Черундоло.