Кошаркарот Никола Калиниќ донесе одлука да се повлече од репрезентацијата на Србија и со тоа направи проблем пред настапот на Олимписките игри во Париз. Калиниќ тоа го соопшти по мечот од Евролигата во која неговата Барселона го победи Олимпијакос во пеколот во Пиреја.
На прашањето дали размислува да се стави на располагање на селекторот на Србија за претстојните ОИ, Калиниќ одговори.
„Не. Мислам дека завршив со играњето за репреззентацијата. Дојде времето некои млади момци да играат и да се покажат. Мислам дека бев јасен“, изјави Калиниќ за „Sportal.rs“.
Тој е вториот кошаркар оваа сезона, по Немања Недовиќ кој се прости од репрезентацијата на Србија.