Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел го искритикува дефанзивецот Ким Мин-Џае за настапот на мечот со Реал Мадрид кој заврши 2:2. Кореецот има вина за двата гола во мрежата на Мануел Ноер. Во првиот случај дозволи Винисиус да му избега, а при вториот го фаулираше Родриго во казнениот простор и му дозволи на Реал да изедначи од пенал.
„Тој беше алчен и во двата случаи. Првиот потег го направи прерано на Винисиус при првиот гол и беше фатен на дело од додавањето на Тони Крос. Тој се мислеше премногу и беше премногу агресивен. Вториот гол, за жал, беше пет на два, немаше потреба да се браниме агресивно против Родриго, но Ким го фаулираше. За жал со нивниот квалитет, овие грешки се казнуваат, но добро, мора да продолжиме понатаму“, изјави Тухел по средбата.
🗣️ Thomas Tuchel criticises Kim Min-jae for both goals:
“He was too ‘greedy’ twice. He made the first move too early against Vinicius in the first goal and got caught by Toni Kroos’ pass. He speculated and was too aggressive.
In the second goal, unfortunately it was another… pic.twitter.com/P8FAuCS1dA
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) May 1, 2024