Урнебесно: Од соблекувална, па преку улица и пешачки, за да дојдат до стадион! (ВИДЕО)

387

Ни во една Норвешка, која важи за најбогата земја во Европа, не е се така совршено, барем фудбалски. И таму се случуваат некои урнебесни или бизарни работи кои обичниот фудбалска фан тешко може да ги сфати.

Имено новиот прволигаш КФУМ Осло на својот стадион, кој собира само 1.500 гледачи, нема адекватни соблекувални а луѓето од овој клуб го решиле проблемот на навистина интересен начин.

Прво играчите влегуваат во соблекувалните кои се надвор од стадионот, тука се соблекуваат и потоа така спремни со дресови и копачки, заедно со судиите, преминуваат улица и пешачки и така влегуваат на стадионот каде што се игра натпреварот.

Погледнете го видеото и се ќе ви биде јасно…

ПретходноРубљев го „преслуша“ Алкараз за полуфинале во Мадрид
СледноНеверојатно: Дортмунд само од бонуси ќе заработи 30 милиони евра поради Белингем!