Атлетико Мадрид казнет поради расистички навреди!

69

На мечот меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао од трибините на “Ванда Метрополитано“ од дел од фановите, беа упатени расистички навреди кон гостинскиот фудбалер Нико Вилијамс. Поради ова, клубот е казнет со 20.000 евра, а за наредните два меча како домаќини “јорганџиите“ не ќе можат да ја добијат поддршката од полните трибини со оглед на тоа дека дел од стадионот ќе биде затворен и тоа делумно. Ова како санкција за се она што се случуваше на дуелот со Билбао.

За жал во Шпанија се почести се ваквите расистички испади од страна на фудбалските фанови.

ПретходноЕклстоун: По смртта на Сена мислевме дека тоа ќе биде крајот на Формула 1
СледноФФМ планира да има ВАР на финалето во Купот!