Првиот камп за млади од серијата на 6 кои ќе ги води тренерот Јоже Урх од Словенија се одржа од 26ти до 30ти април во Скопје. Повикани беа 11 наши репрезентативци од различни клубови од Македонија.
Дел од нив (Моника Стајковска, Матеја Смолиќ, Фани Јованоска, Дарко Китановски, Мартин Ристески и Кристијан Каламадевски) одма по завршувањето на кампот тргнуваат за Сараево каде ќе учествуваат на турнирот European Youth Series 2024 BIH од 1ви до 3ти мај, во поединечна категорија и во категорија на двојки. Играчите ќе ги води селекторот Милош Миленкович.