ПМФЛ: „Жешко“ ќе биде во Штип и Ѓорче, Шкупи на гости кај Гостивар, Шкендија ја дочекува Брера

259

Попладнево се играат средбите од 30.коло во нашата елитна лига. Првомајско коло кое се очекува со голем интерес, ако се знае дека со ова остануваат ушрте четири кола до крајот, а се води пеколна битка како за титулата така и за опстанокот.

Сепак се чини дека најжешко ќе биде во Штип каде Брегалница против Вардар ја има последната шанса нешто да направи. Во случај на пораз се чини дека „сините“ веќе нема што да бараат во битката за опстанок.

Во иста ситуација е и Македонија ЃП која дома игра со Воска. Само победа им дава надеж на “лавовите“ дека можат да се спасат. Воска е во покомотна ситуација.

Во битката за титулата Струга ТЛ гостува во Кавадарци, Шкупи му оди на Гостивар а Шкендија дома ја пречекува Брера.

Силекс и Работнички ќе играат за престиж.

ДВОЈКИ ЗА 30.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

Шкендија – Брера

Гостивар – Шкупи

Тиквеш – Струга ТЛ

Силекс – Работнички

Македонија ЃП – Воска

Брегалница – Вардар

ТАБЕЛА

Струга ТЛ 58, Шкупи 58, Шкендија 55, Силекс 41, Тиквеш 39, Брера 37, Гостивар 37, Работнички 35, Воска 34, Вардар 29, Македонија ЃП, Брегалница 26…бодови

ПретходноТежок удар за Србија – остана без важен играч пред ОИ
СледноИбраими: Идеално ќе биде Струга ТЛ да победи со мојот 200-ти гол во ПМФЛ!