ФФМ односно Судиската организација има намера, односно планира да има ВАР на финалето во Купот на Македонија. Меч кој ќе се игра на 22 мај а во кој за пехарот ќе се борат Тиквеш и Воска.
Ова ќе биде за првпат во Македонија, се разбира на домашна сцена, да има ВАР систем кој би требало да биде нешто вообичаено за наредната 2024/2025 сезона во ПМФЛ. Како што велат нашите извори голема е веројатноста на 22 мај на Арената “Тодор Проески“ да има инсталирано ВАР систем.
Секако дека со ВАР системот ќе помогне пред на судиите во финалето во Купот.