Вардар 1961 дури во последните пет минути успеа го урне Алкалоид

299

Многу поразлична средба од онаа во Автокоманда одиграа Вардар 1961 и Алкалоид. Актулениот вицепрвак не му дозволи на далеку поискусниот противник лесно да го наметне своето темпо, цврсто му се спротистави. На крајот победата ја однесе Вардар кој славеше со 24-21 во дербито на 12-то коло во плеј-офот.

Јасухира беше предводник кај „црвено-црните“ со осум погодоци, зад него далеку беа Родригез и Петриќ со по три погодоци. На другата страна браќата Марко и Дамјан имаа по пет погодоци.

Избраниците на Кирил Лазаров поведоа со 1-3, водеа со 3-5, момент по кој домашниот тим успеа да направи пресврт и да дојде до првото водство (7-6). Ова беше доволно за да одржува позитива од еден до два гола (10-8, 11-9 и 12-10). На одморот Дамјан Митев намали на 12-11.

Во 43 минута „црвено-црните“ не искористија шанса за плус три, на другата страна Карасманакис и Маркоски направија пресврт, на момент Алкалоид го врати водството, 16-17. Сепак Вардар успеа да ја врати позитивата од два гола (19-17 и 20-18), ова беше период кога гостите беа со почесто со играч помалку на теренот.

Гогов на четири минути до крајот запиша две клучни одбрани, Алкалоид не искористи два напади за да дојде до ново изедначување, па на другата страна домаќинот со неверојатниот погодок на Јасихура во 27:30 успеа да поведе со три гола разлика (23-20). Ова беше доволно за „црвено-црните“ да го освојат целиот плен на оваа средба и до крајот да не дозволат драма.

ПретходноКоментар на 30.коло: Еве зошто Дуро мораше да си оди од Струга ТЛ!
СледноОва е вилата на Јокиќ од 4,5 милиони долари со 29 соби! (ВИДЕО)